
Саботната програма од триесет и второто коло на шкотскиот Премиершип ја отвори 334. компетитивно дерби на Единбург.
На него, по 87. во историјата, победата ја однесе Хиберниан, кој денес го совлада градскиот ривал Хартс со минимални 1-0.
Херој за зелениот дел на шкотската престолнина беше Кевин Нисбет (67′), кој стрелаше по десетти пат сезонава.
Воедно, за ,,Хибс”, ова беше прво домашно добиено дерби после 2018 и прекин на серијата од дванаесет меѓусебни пресметки без победа.
За победничкиот состав, новите три бода значеа обезбедување на шестото место и пласман во плејоф-групата, додека ,,Срцињата” и покрај поразот, останаа на четвртата позиција.