Караорман освои голем бод на гостувањето во Радовиш кај силниот Детонит Плачковица. Денешниот натпревар од ВМФЛ заврши со конечни 0:0.

Она што вреди да се спомене е што домаќините направија прекрасен гест и направија специјални маички “100 ГОДИНИ КАРАОРМАН” и на тој начин им го честитаа на стружани јубилејот. Еден од најстарите фудбалски клубови Караорман е основан 1923 година и оваа година слави 100 години. Браво за домаќините.