
Во рамките на четириесет и второто коло од англиската Лиг 2 беше одиграно деведесет и третото дерби на областа Девон.
Имено, по триесет и осми пат на меѓусебните дуели, Плимут Аргајл успеа да слави против Ексетер Сити, откако денес триумфираше со минимални 0-1.
Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Мет Бачер (70′), кој им го донесе првиот гостински триумф на ,,Аџиите” после 2016.
На табелата, Плимут изби на првото место, додека Ексетер остана на дванаесеттата позиција.