сабота, мај 21, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Заврши контроверзниот период: Турски бизнисмен го откупи Хал Сити

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јануари 20, 2022
📁 Спорт, Фудбал
📸 theguardian.com

Англискиот второлигаш Хал Сити официјално беше откупен од страна на турските операторски гиганти, Аџун Медиа, после контроверзното владеење на фамилијата Алам од единаесет години.

Станува збор за турска компанија, на чело со Аџун Илиџали, која ги поседува турските телевизиски канали ТВ8 и ТВ8,5, кои се пренесуваат низ Европа, низ Јужна и низ Северна Америка.

Под Аџун Медиа, исто така, спаѓа и дигиталната платформа Ексен, како и турското спортско шоу – Ексатлон.

Контроверзноста со фамилијата Алам кулминираше во 2013, кога сопственикот Асем Алам одлучи да го промени името на тимот, односно да додаде суфикс (Хал Сити) Тигерс, преземајќи го моделот од американските екипи.

Сепак, навивачите на Хал Сити направија огромен протест и го задржаа своето старо име, но останаа во нестабилен период, откако клубот патуваше низ првите три лиги од сезона во сезона.

,,Среќни и горди сме што го напуштаме Хал Сити со силна и стабилна финансиска состојба. Додека ние бевме сопственици, работевме напорно за да основаме одржлив модел и успешна академија, кои ќе му ги дадат на клубот потребните услови во иднина. Способноста да создадеш и да продадеш домашен играч е клуч за одржливоста на еден клуб и ние одвај чекаме да видиме повеќе и повеќе играчи, кои ќе ги следат овие патеки во Хал Сити.” – се огласи поранешниот потпретседател на Хал Сити – Ехаб Алам.

Иако ,,Тигрите” имаа нестабилни сезони, сепак фамилијата Алам ги постави темелите на добрата академија од која произлегоа повеќе фудбалски таленти – Том Керни, Лиам Купер, Даниел Џејмс, Кин Луис-Потер, Џерод Боувен…

,,Среќен сум што го исполнив еден од моите најголеми сонови. Започнуваме прекрасно патување со Хал Сити. Имаме големи соништа и големи цели, кои сакаме да ги исполниме со нашите навивачи. Сакам да му се заблагодарам на семејството Алам за пријателството и за искреноста што ја покажаа за време на овој процес. Навистина верувам дека ќе стигнеме до успех со прекрасните фанови на овој прекрасен град.” – гласеа зборовите на новиот сопственик – Аџун Илиџали.

Според неофицијални извори, откупувањето на Хал Сити од страна на турскиот бизнисмен било извршено за триесет милиони фунти.

Hull City can confirm that @acunmedya, founded by @acunilicali, has completed the purchase of the football club.#hcafc | #NewEra

— Hull City (@HullCity) January 19, 2022
Tags: англијаФудбалХалЧемпионшип
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Третата фаворитка елиминирана од Австралијан Опен

Следна вест

Десното крило Спасовски останува во Бутел и наредните две сезони

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија
Фудбал

Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Стружанката Теодора Дукоска на списокот за Медитеранските игри
Ракомет

Стружанката Теодора Дукоска на списокот за Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Ракомет

Стружаните Костески, Кузманоски, Ѓорговски и Симоноски дел од списокот за Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Одличниот Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел
Ракомет

Одличниот Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Следна вест
Десното крило Спасовски останува во Бутел и наредните две сезони

Десното крило Спасовски останува во Бутел и наредните две сезони

Последно

Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија

Стружанката Теодора Дукоска на списокот за Медитеранските игри

Стружаните Костески, Кузманоски, Ѓорговски и Симоноски дел од списокот за Медитеранските игри

Одличниот Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел

Вардар со големо засилување! Потпиша со Дуарте

(Видео) 19 МАЈ 2002- Кометал Ѓорче Петров стана Европски првак

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.