Третата фаворитка кај дамите за освојување на Австралијан Опен, Габриње Мугуруза, доживеа елиминација уште во втората рунда.
Имено, шпанската тенисерка беше поразена со 2-0 од Французинката Ализе Корне за еден и пол час игра.
Двата сета завршија со 6-3 при што Мугуруза загуби вкупно три гема на свој сервис.
Пресуден фактор за Мугуруза беа нејзините 33 неизнудени грешки, наспроти 16 на својата противничка, која искористи 3/12 брејк-топки.
Во третата фаза, Корне ќе ги одмери силите со Словенката Тамара Зиданшек, која беше подобра од Хитер Вотсон со 2-0.