Одлуката за прекинување на сезоната во шкотските натпреварувања беше донесена пред неколку недели, но не беше познато дали ќе има шампион и дали ќе биде релегиран последнопласираниот тим. Сепак, денес беше донесено конечното решение според кое старо-нов шампион, по деветти пат во низа, ќе биде Селтик, додека релегиран ќе биде последнопласираниот Хартс.
Во втората лига, првопласиран тим е Данди Јунајтед, па најверојатно овој тим ќе го замени Хартс во наредната премиерлигашка сезона.
Целосниот конечен распоред на шкотската ПЛ за сезоната 2019/20 е следниот:
(после одиграни триесет кола)
1. Селтик (80 поени)
2. Ренџерс (67 поени)*
3. Мадервел (46 поени)
4. Абердин (45 поени)
5. Ливингстон (39 поени)
6. Хиберниан (37 поени)
7. Ст. Џонстон (36 поени)*
8. Килмарнок (33 поени)
9. Ст. Мирен (29 поени)
10. Рос Каунти (29 поени)
11. Хамилтон (27 поени)
12. Хартс (23 поени)
*натпревар помалку



