понеделник, јануари 18, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Синот на Брајан Клаф си поднесе оставка, назначен новиот тренер на Бартон

Епов Насе ✏️ Епов Насе
мај 18, 2020
📁 Спорт, Фудбал

Англискиот третолигаш, Бартон Албион, ги доживеа своите најславни денови токму под тренерската палка на Најџел Клаф, синот на легендарниот тренер на Нотингем Форест и Дерби Каунти – Брајан Клаф. Најџел играше во дресот на „Пиварите“ неколку сезони, а во истиот клуб ја започна и тренерската кариера како тренер-играч. Речиси две децении, Клаф беше тренер на Бартон Албион, освен во два наврати кога имаше неколкугодишни авантури во Дерби Каунти и Шефилд Јунајтед.
Овој тренер, успеа да го однесе тимот од Источен Мидлендс во професионалниот фудбал, а по своето враќање во 2015, да го пласира во Чемпионшип и да го задржи една сезона во втората англиска лига и покрај аутсајдерската улога.
Сепак, денес, официјално беше соопштено дека Најџел Клаф и неговите помошници, повеќе нема да бидат на клупата на Бартон Албион. Имено, улогата на тренер-играч ја презема Џејк Бакстон, поранешниот играч на Дерби Каунти. Бакстон, дебитираше во дресот на Бартон во 2008, кога беше избран за играч на сезоната во својот тим, потоа, заедно со Најџел Клаф, премина во Дерби, а во 2017 се врати повторно во жолтиот дрес.

„Најџел Клаф постигна феноменален успех со клубот во своите два ангажмани во изминатите дваесет и две години. Во овој период, клубот ги уживаше своите најславни денови во историјата, вклучувајќи ги и двете сезони во Чемпионшип, што за клуб од овој калибар е неверојатно достигнување.“ – соопшти претседателот Бен Робинзон за официјалната страна на Бартон Албион. Робинзон потоа додаде:
„Џејк Бакстон е несомнен избор бидејќи тој знае како функционира клубот и внатре и надвор. Тој ја продолжува нашата долга традиција за давање шанса на младите тренери и сигурен сум дека ќе биде успешен како што е и на теренот.“.

„Со голема тага, јас, Гери (Кросби) и Сајмон (Клаф) [асистентите на Најџел Клаф], одлучивме да поднесеме оставка. Со нетрпение го очекуваме нашиот следен фудбалски предизвик, без разлика кога и каде ќе биде.“ – изјави Клаф за официјалната веб-страна на Бартон.
„Се надеваме дека со нашето откажување ќе му помогнеме на клубот во врска со финансиските притисоци во овој непредвидлив период, а со тоа ќе допринесеме и во задржувањето на останатите работници колку што е можно подолго. Исто така, сигурни сме и дека Џејк (Бакстон) ќе профитира од искуството и поддршката од останатите членови на клубот.“ – додаде Клаф, наведувајќи ја и причината за своето откажување од тренерската позиција на Бартон.

Како што стои на веб-страната на Бартон, ниту Бакстон не остана рамнодушен после ваквиот расплет на настаните:
„Би сакал да му се заблагодарам на претседателот што ми ја даде оваа исклучителна прилика. Многу голема чест е да се следат стапките на Најџел Клаф, кој беше толку успешен во фудбалот, особено овде, во Бартон и ми помогна да напредувам во мојата кариера. Се надевам дека сега ќе можам да помогнам и да донесам многу незаборавни моменти за овој клуб во наредните сезони.“.

Tags: англијаБартон АлбионФудбал
Share7Tweet
Претходна вест

Завршена сезоната во Шкотска: Селтик е старо-нов шампион!

Следна вест

Тиквеш се засили со искусен пикер

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Тампа Беј во полуфинале за првпат после 2002
Останато

(ВИДЕО) Тампа Беј во полуфинале за првпат после 2002

✏️ Епов Насе
18/Јан/2021
(ВИДЕО) Прекината историската бајка на Кливленд: Канзас Сити победи во завршниот трилер
Останато

(ВИДЕО) Прекината историската бајка на Кливленд: Канзас Сити победи во завршниот трилер

✏️ Епов Насе
18/Јан/2021
(Видео) Место центаршут топката заврши во противничката мрежа
Спорт

(Видео) Место центаршут топката заврши во противничката мрежа

✏️ Предраг Јанчески
18/Јан/2021
(ВИДЕО) Сензационалниот дебитант го освои ,,Мастерс”
Останато

(ВИДЕО) Сензационалниот дебитант го освои ,,Мастерс”

✏️ Епов Насе
18/Јан/2021
Следна вест
Тиквеш се засили со искусен пикер

Тиквеш се засили со искусен пикер

Последно

(ВИДЕО) Тампа Беј во полуфинале за првпат после 2002

(ВИДЕО) Прекината историската бајка на Кливленд: Канзас Сити победи во завршниот трилер

(Видео) Место центаршут топката заврши во противничката мрежа

(ВИДЕО) Сензационалниот дебитант го освои ,,Мастерс”

(ВИДЕО) Питсбург го доби Вашингтон после пенал-серијата

(ВИДЕО) Њујорк ја прекина победничката серија на Бостон

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.