
На СП 2021 во Кортина д’Ампецо, Марта Басино го освои првото светско злато, откако победи во паралелната трка.
Денес, на СП 2023 во Куршевел, Италијанката (1:28,06) се закити со второто најсјајно одличје во кариерата, триумфирајќи во супервелеслалом.
За Италија, на досегашните две трки во женска конкуренција, ова е второ светско злато, имајќи предвид дека Федерика Брињоне беше најдобра во алпска комбинација.
На втората позиција се пласираше Микаела Шифрин (+0,11), додека две скијачки односно Кајса Викоф Ли и Корнелија Хитер (+0,33) ја поделија третата позиција и заминаа со бронза.
За само три стотинки, без медал остана Рагнилд Мовинкел (+0,36), а бранителката на титулата, Лара Гут-Бехрами (+0,37), беше шеста.