
Светското првенство во биатлон, одржано во Оберхоф (Германија), започна со мешаната штафетна трка од 4 × 7,5 километри.
До одбрана на светската титула дојде селекцијата на Норвешка (1:04:41,9) во чиј состав беа Ингрид Ландмарк Тандерволд, Марте Олсбу Роиселанд, Штурла Холм Лагреид и Јоханес Тингнес Бо.
До сензационално сребро дојде Италија (+11,6), односно Лиза Витоци, Доротеа Вирер, Дидие Биона и Томазо Џакомел, а во битката за бронзата, Франција (+55,9) успеа да ја порази Австрија (+59,2).
Од француската репрезентација, со бронзен медал се закитија Жулија Симон, Ане Шевалие-Буше, Емилиен Жакелан и Квентин Фијо Маје.