Петто коло од Прва ЖФЛ во која што тетовски ЖФК Љуботен оствари втора последователна победа во првенството овој пат на гостувањето во Кочани каде што оствари минимална но ефективна победа од 2:3 на полувреме од 0:1 во отворена игра на двете страни каде што тетовчанки си заминаа со нови три бода. Головите за победничката екипа ги постигнаа Јулија Живиќ која беше двоен стрелец и еден гол беше дело на Мирјана Ѓеровска.



