Петто коло од Прва ЖФЛ и нова победа на шампионот ЖФК Каменица Саса овој пат во Битола против талентираната екипа на ЖФК Атлетико. Во фер и коректна игра гостинската екипа стигна до висока победа од 0:10, а погодоците ги постигнаа Ана Димитровска која стрелаше вкупно шест пати во мрежата, додека Ленче Андреевска имаше два ефективни гола, во триумфот со погодоци уште се истакна Стефанија Маринковска и еден гол беше автогол на противничките фудбалерки.