Третите овосезонски спринтови од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки беа одржани денес во Инсбрук, Австрија.
Во индивидуална машка конкуренција Семјон Павличенко, со рекорд на патеката (32,341) успеа да триумфира пред Кевин Фишналер (+0,080) и пред новиот шампион Феликс Лох (+0,087).
Што се однесува до машките дублови, браќата Андрис и Јурис Шикс (29,958) за само една илјадинка ги поразија Томас Штој и Лоренц Колер. Од друга страна, Австријците беа за десет илјадинки побрзи од третопласираните Тони Егерт и Саша Бенекен, а уште три други парови имаа заостаток под една десетинка.
Кај жените, Германија потполно издоминира, освојувајќи ги првите три позиции. До победата дојде Јулија Таубитц (30,041), а Натали Гајзенбергер (+0,029) и Дајана Ајтбергер (+0,091) го комплетираа подиумот.
📸 GASPA/ullstein bild via Getty Images



