Прославениот ирски борец Конор Мекгрегор беше нокаутиран и загуби од Дастин Појре, во УФЦ борбата која утрово се одржа во Абу Даби. Пред мечот Мекгрегор беше голем фаворит, но aмериканецот покажа дека не се плаши од ривалот.
Дуелот започна офанзивно од двете и имаше размена на удари. Ирецот имаше неколку препознатливи напади со рамото, Во еден момент Појре со серија прецизни и силни удари успева да го нокаутира Ирецот, а судијата означи крај на борбата. За Појре ова е најголема победа во кариерата, а Мекгрегор остана во неверување дека тој на крајот заврши нокаутиран на подот.