Во фер и коректен натпревар во рамките на осмо коло од Прва ЖФЛ во Струга на новото игралиште стружанки остварија убедлив триумф против младата екипа на ЖФК Кочани од 11:0.
Гостинската екипа во склоп на своите можности се обиде да парира, но сепак на оваа екипа ќе и треба време да созрее да собере искуство и да биде конкурентна на останатите прволигашки екипи, а секако во нив има потенцијал еден ден нивните фудбалерки да прераснат во квалитетни играчи.
ЖФК Ас Јунајтед е сериозна прволигашка екипа, која што оваа сезона цели на висок пласман и убедливите победи посебно на домашен терен веќе не се никакво изненадување.
Што се однесува до натпреварот домашните фудбалерки имаа иницијатива и шансите беа на нивна страна, а погодоците ги постигнаа Илза Максути со четири гола, а по два гола постигнаа неколку играчи и тоа Кристина Мојсоска, Александра Рубаноска и Оливера Цоклеска, додека капитенката на тимот Арлинда Адили еднаш успешно стрелаше во противничката мрежа.