Во фер и коректен натпревар во рамките на осмо коло од Прва ЖФЛ во Битола се одигра меч помеѓу ЖФК Топ Гол и ЖФК Истатов кој по квалитет се на исто рамниште. Во ефикасен и возбудлив меч истатовки дојдоа до важна победа од 2:5 на полувреме беше 0:4.
Заслужни за новата победа и трите бода се Радица Чонева која постигна хет-трик и по еден гол постигнаа Кристина Петрушевска и Сара Хусеин. Домашната екипа во првиот дел покажа слаба игра, додека во вториот дел се консулидираа и заиграа поангажирано и натпреварот го направија поинтересен и дадоа силен отпор на мечот.