
Актуелната шампионка, Петра Влхова, ја заврши 2021 година со победа, откако славеше во Лиенц, Австрија.
Имено, Словачката (1:42,10) беше најбрза и после двете серии на четвртиот слалом во сезоната, на кој го освои дваесет и третиот триумф во кариерата.
Второто место го зазеде актуелната освојувачка на малиот кристален глобус во најтехничката дисциплина, Катарина Линсбергер (+0,51), а третопласирана беше Мишел Гизин (+0,68).
Распоредот на австриските и на швајцарските скијачки беше наизменичен и во продолжение – Катарина Трупе (+0,78), Венди Холденер (+1,04), Катарина Галхубер (+1,40) и Камил Раст (+1,48).
Во првите десет се пласираа уште: Мина Фирст Холтман (+1,49), Лоренс Ст. Жермен (+1,52) и Сара Хектор (+1,60).