
После еднонеделна пауза поради пандемијата со КОВИД-19, НХЛ се врати на малите екрани, предводена од голеадата помеѓу Сан Хозе Шаркс и Аризона Којотес.
Имено, двете екипи постигнаа неверојатни четиринаесет погодоци во регуларниот дел и два во пенал-серијата за конечна победа на Шаркс од (9) 8-7.
Во текот на поголемиот дел од натпреварот, Аризона бркаше негатива што резултира со поголем биланс на шутеви од 27-46.
Сепак, Шаркс, во ниеден момент не им дозволија на своите ривали да добијат посакувано водство и покрај трите израмнувања.
Од гостинските редови, во листата на стрелците се запишаа пет хокеари, односно Шејн Гостисбер, Клејтон Келер, Џером Мосер (х2), Лосон Краус (х2) и Ендру Лед, а Фил Кесел запиша четири асистенции.
На спротивната страна стрелаа дури седум различни играчи – Логан Кутур (+ еден пенал), Томаш Хертл (+ еден пенал), Александер Барабанов, Тимо Мајер, Ник Бонино, Радим Симек и Џефри Трахон-Фил (прв гол во НХЛ).
Во Западната конференција, Сан Хозе го зазема десеттото место, додека Аризона се наоѓа на самото дно.