
СКА Ст. Петербург го порази составот на Адмирал Владивосток со 1-3 и дојде до десеттата меѓусебна победа во низа.
Во првата третина, домаќините беа подобри и водеа со 1-0, благодарение на Динар Хамидулин.
Сепак, веќе во вториот дел, СКА направи пресврт преку Данил Пиленков и преку Андреј Кузменко, а Евгениј Тимкин го постави конечниот резултат на шест минути пред крајот.
Во Западната конференција, СКА го презеде првото место во пресрет на новата 2022 година, додека Адмирал е претпоследен на Истокот.