Петтата станица на Светскиот куп во фристајл скијање, односно во дисциплината ски-крос, беше грузискиот Бакуријани.
Во женска конкуренција славеше Фани Смит, која дојде до 28. победа во кариерата, а со тоа го загарантира и кристалниот глобус.
Во фото-финиш, на втората позиција се пласира Сандра Неслунд, како трета заврши Мариел Берж Сабател, а без подиум остана Мариел Томпсон.
Во малото финале славеше Систин Кузан пред Куртни Хофос, пред Никол Кучерова и пред Тијана Гернс.
Кај мажите, Флоријан Вилмсман триумфираше во големото финале, оставајќи ги зад себе Давид Моберг и Џеред Шмид. Четвртопласиран беше искусниот Брејди Леман, кој поради пад не ја заврши трката.
Во малото финале, поредокот гласеше: Бастиен Мидол, Франсоа Плас, Марк Бишофсбергер и Јоос Бери.
📸 Nisse Schmidt/Agence Zoom/Getty Images