По неубедливиот старт на сезоната, Минесота Вајлд успеаја да поврзат пет победи и да се искачат на второто место на Истокот.
Последна ,,жртва” на составот од Минеаполис беше тимот на ЛА Кингс, кој синоќа беше поразен со 3-1 и падна на петтото место во истата дивизија.
Минесота ги ,,среди” ривалите уште во првата третина, којашто ја заврши со предност од 0-3.
Стрелци за домаќините беа Кирил Капризов, Ник Бјугштад и Јоел Ериксон, кои ја затресоа мрежата на Џонатан Квик во интервал од три минути.
Во третата третина, на неполни три минути до крајот, почесен погодок за Кингс постигна Џеф Картер, кој го постави конечниот резултат.
📸 Harry How/Getty Images



