Македонските одбојкари ќе играат на домашен терен на завршниот турнир во Европската сребрена лига годинава откако ЦЕВ одговори позитивно на апликацијата на ОФМ за организација на овој престижен настан.
Бордот на администрација на европската куќа на одбојката уште еднаш ја потврди целосната доверба во македонската одбојка, па покрај претходната одлука за организација на турнир од групната фаза во континенталното натпреварување, највисокото управно тело на ЦЕВ реши и битката за медалите да биде кај нас. Исто така, ЦЕВ целосно ги прифати сугестиите на челниците на ОФМ и го ревидираше календарот во Европската сребрена лига 2021.
Наместо на крајот на јуни, завршниот турнир ќе биде одржан викендот на 5-ти и на 6-ти јуни, а претходно, од 21-23 и од 28-30 мај се закажани двата турнира во групната фаза. Македонската репрезентација ќе игра со Данска, со Израел и со Кипар, а покрај нас, во групата „А“, турнир ќе организираат и Данците. Хрватска, Австрија, Унгарија и Луксембург ќе ги одмерат силите во групата „Бе“