Еурофарм Пелистер ја прекина серијата од три порази по ред против Младост Богданци во Купот на Македонија. Веќе во сабота ќе се сретнат со Татран Прешов во рамките на СЕХА лигата. Поради овој густ распоред шанса добиваат и помладите играчи.
Дарио Петровски: Имаме густ распоред, играме на секои 2-3 дена и малку има простор за одмор. Потребно е да се изротира ростерот, сите 20-тина ракометари за да се одиграат на ниво сите натпревари. Ова е шанса за нас помладите, да покажеме низ поголемата минутажа дека можеме да се носиме со сите противници.
Ненад Костески: Минуваме низ тежок период, играме доста натпревари и густ е распоредот. Многу патуваме, па мора да играме и не е лесно. Сега се натпреваруваме и во Купот на Македонија и во плеј-офот. Се подготвуваме и знаеме каков состав има Татран Прешов. Со било каков состав да патуваме верувам дека ќе извојуваме победа и ќе го надминеме овој тежок период во кој врзавме три порази. Верувам дека ќе почнеме позитивна серија и ќе се издигнеме. Очекуваме дека Татран ја анализирал нашата игра, играат на домашен терен и ќе ни се спротистават. Не смееме да потфрлиме и верувам дека ќе се вратиме со победа.
Изјави на Дарио Петровски и Ненад Костески пред натпреварот со Татран Прешов: