Виган уште од минатата сезона има проблеми на сите позиции во клубот, вклучувајќи ги и оние надвор од теренот.
Токму поради тоа, популарните ,,Латикс” беа релегирани во Лиг 1, а набргу останаа без сопственик и без бројни играчи.
Во минатото коло, навивачите на Виган добија трошка надеж, проследувајќи ја првата победа на својот клуб после десет натпревари. Сепак, сето тоа траеше кратко, бидејќи денес, Рочдејл го порази поранешниот премиерлигаш со убедливи 0-5.
Стрелци за популарните ,,Дејл” беа 17-годишниот Квадво Баах (4′) и Метју Ланд (19′) во првото полувреме, односно Стивен Дули (58′) и Алекс Њуби (64′ од пенал и 90+2′) во второто.
Со оваа победа, Рочдејл ,,скокна” шест позиции и моментално е 16. тим на табелата, додека, доколку Бартон Албион избегне пораз од Ипсвич, Виган ќе падне нпоследното место.



