Со три победи и едно второ место на последните четири трки од сезоната, Мартинс Дукурс ја освои рекордната единаесетта титула.
Имено, Летонецот (2:14,39) е старо-новиот шампион на Светскиот куп во скелетон, откако на последната трка во Ст. Моритц, триумфираше и освои нови 225 поени.
На истата трка, на подиумот се пласираа уште Германците Александер Гаснер (+0,45) и Кристофер Гротеер (+0,51).
За титулата, заедно со Дукурс, се бореше и четвртопласираниот Аксел Јунгк, кој, иако го предводеше пласманот во првиот дел од сезоната, накрај мораше да се задоволи со вицешампионскиот назив.
Кај дамите, последната трка не направи драстични промени во генералниот пласман, а со првата шампионска круна во кариерата замина Холанѓанката Кимберли Бос.