Парамата Илс и Пенрит Пантерс го одиграа дербито на петтото коло од овогодинешната НРЛ сезона. Во пресрет на натпреварот, двете екипи немаа ниту еден пораз односно Парамата забележа четири победи во првите четири кола, а Пенрит победи три и ремизира еден натпревар.
Пенрит во првото полувреме направи серија од 0-10 со која влегоа во завршните дваесет минути од мечот. Во периодот од 62. до 69. минута, Парамата постигна три есеи и две конверзии преку Блејк, Мосес и Метерсон за да стигне до предност од 16-10 што на крајот се покажа и како конечен резултат.
За Пенрит, по еден есеј постигнаа То’о и Мансур, а Клери погоди една конверзија.
Со оваа победа, Парамата остана на првата позиција на табелата, додека Пенрит го задржа третото место барем на еден ден, додека најблиските конкуренти не ги одиграат своите натпревари.