Единствениот денешен натпревар од второто коло во овогодинешната АФЛ сезона го одиграа две екипи од Мелбурн односно Џилонг Кетс и Хоторн Хокс.
Џилонг потполно го надигра својот соперник, особено во второто полувреме во коешто играчите на Хоторн постигнаа само седум поени. Крајниот резултат изнесуваше (17.6) 108-47 (7.5) во корист на „Мачките“.
Најефикасните двајца играчи на натпреварот беа од редовите на Џилонг – Гери Аблет (2.1) и Грајан Миерс (3.0), а освен нив двајца, во листата на стрелци се запишаа уште девет други играчи. Од друга страна, единствен „двоцифрен“ играч на Хоторн беше Џек Ганстон со два постигнати гола.
Двете екипи имаат половичен учинок по првите две кола – Џилонг се наоѓа на шестото, а Хоторн на десеттото место со натпревар повеќе во однос на сите конкуренти освен Колингвуд и Ричмонд.