Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков во новата сезона ќе има нов предизвик во шампионатот на Австрија.

Искусниот десен бек на изненадување на сите потпиша договор за следната сезона со второлигашот Холабрун.
Митков зад себе имаше одлична сезона во дресот на Брегенц, но се реши за нов предизвик.



