Беневенто и Торино го отворија 19. коло од италијанската Серија А со својот прв меѓусебен дуел после речиси три години.
На него, домаќините од Кампанија, предводени од Филипо Инѕаги, успеаја да стекнат навидум недостижна предност од 2-0, а накрај ремизираа со 2-2.
Имено, за Беневенто, на овосезонското деби, од пенал погоди Бенито Николас Виола (31′), а Џанлука Лападула (49′) ја удвои предноста.
До крајот, главна фигура во нападот на Торино беше поранешниот италијански репрезентативец, Симоне Заза, кој регуларно ја затресе мрежата на Лоренцо Монтипо во 51. и во 90+3. минута.
Со новиот освоен бод, а и со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Беневенто го задржа 11. место, додека Торино остана во ,,црвената” зона на 18. позиција.
📸 Getty Images



