вторник, март 2, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Сејдини му објави војна на Мојсовски: Наумче ќе одговараш за сето ова

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
јануари 23, 2021
📁 Спорт, Фудбал

Директорот на АМС, Наумче Мојсовски започна со расчистување со состојбите во ФФМ, а претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини жестоко го нападна директорот на АМС и започна да ги брани своите позиции, па во прилог и обраќањето на Сејдини и неговата прес-конференција ви ја прикажуваме во целост:

Најмалку што сакавме во едно вакво време, во денови кога се слави македонскиот фудбал и нашите резултати е да зборуваме за работи кои не се поврзани со играта, лигата или репрезентациите, но некогаш едноставно – немате избор.

Оваа прес – конференција ја свикавме со една, единствена цел.

Со факти и одлука на хартија да им покажеме и потврдиме колку не знаат и колку не се срамат што не знаат.

За тоа, драг Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт – се одговара.

Во текот на вчерашниот ден и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава.

Одбивав да верувам во таквите „игри без граници“ сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт објавено на нивната официјална страна.

Во известувањето од Агенцијата за млади и спорт се вели дека при извршен инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија се утврдени низа неправилности спротивно на Законот за спорт.

Наведуваат дека решението било обжалено и после сите институционални и законски процедури и рокови, жалбата беше отфрлена како неоснована од страна на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка, со што Решението стана правосилно и извршно и против него не е дозволена жалба.

И сега доаѓаме до моментот од кој треба да се срамиме сите ние од начинот на кој постапуваат одредени наши инситуции, во овој случај највисокото државно тело за спорт.

Вистина е дека решението на второстепената комисија е конечно и против истото нема право на жалба. Но, има право на тужба против, на овој начин, донесениот управен акт.

Фудбалската федерација на Македонија согласно законите поднесе тужба со која поведе Управен спор против државната комисија за одлучување во втор степен во врска со нејзиното Решение.  

И бидејќи овој „сакам кажам – не знам речам“ начин на комуникација е нивен избор, а ние „на сила“ сме принудени да се браниме од нешто што не е вистина, еве, тука пред вас и пред цела јавност ја објавувам пресудата од поднесената тужба против поништеното решение кое Агенцијата за млади и спорт најави дека ќе го спроведува.

Пресудата вели дека тужбата на тужителот Фудбалска федерација на Македонија СЕ УВАЖУВА. Решението се ПОНИШТУВА.

ПРЕСУДА.pdf 

За ова, драг Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт се одговара.

За ваквиот начин на постапување се известени УЕФА и ФИФА, кои го следат овој случај од моментот кога се вршеше инспекцискиот надзор. Известени се за сите одлуки и начинот на кои се носени тие одлуки.

Не дај Боже, никој од нас не посакува, но чувствувам обврска да истакнам дека ваквото постапување може да донесе „квантен скок“ ама наназад за македонскиот фудбал и нашите репрезентации.

Причина за тоа нема да биде Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас како претседател, туку срамното и слепо однесување на поединци и институции со цел да се стави рака врз Фудбалската федерација на Македонија.

На крајот, Ве уверувам дека Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи да се спротивставува на било каков притисок кој не доаѓа од фудбалското семејство. За сѐ друго сме отворени за соработка се цел продолжување на сонот кој го живееме.

Фото и извор: https://ffm.mk/

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Заза го спаси Торино во судиското продолжение

Следна вест

Листа на фудбалски клубови кои конкурираат за ваучер од АМС

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

(Видео) Партнерката во нападот на Андонова даде гол со ,,Ножички”
Спорт

(Видео) Партнерката во нападот на Андонова даде гол со ,,Ножички”

✏️ Предраг Јанчески
02/Мар/2021
(Видео) Три бода, црвен картон и физички нападнат Ангелов во Романија
Спорт

(Видео) Три бода, црвен картон и физички нападнат Ангелов во Романија

✏️ Предраг Јанчески
02/Мар/2021
Џио Струмица не дозволи пресврт и победи во голем стил
Спорт

Џио Струмица не дозволи пресврт и победи во голем стил

✏️ Предраг Јанчески
02/Мар/2021
Шест ракометарки на Стружанка дел од филтерот на кадетската репрезентација
Ракомет

Шест ракометарки на Стружанка дел од филтерот на кадетската репрезентација

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Мар/2021
Следна вест
Листа на фудбалски клубови кои конкурираат за ваучер од АМС

Листа на фудбалски клубови кои конкурираат за ваучер од АМС

Последно

(Видео) Партнерката во нападот на Андонова даде гол со ,,Ножички”

(Видео) Три бода, црвен картон и физички нападнат Ангелов во Романија

Џио Струмица не дозволи пресврт и победи во голем стил

Шест ракометарки на Стружанка дел од филтерот на кадетската репрезентација

(ВИДЕО) Логинов и Јерг ги одбранија титулите на СП во Рогла

Костески: Имаме втора шанса за пропуштеното против Кадетен

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.