Во најдоцниот синоќешен дуел од НФЛ се судрија силите на Лас Вегас Рејдерс и на Мајами Долфинс.
Мајами (10-5) триумфираше со филд-гол во завршницата со 25-26 и така ги отстрани Рејдерс (7-8) од битката за плејоф. Домаќините на овој меч, исто како и минатата сезона, при учинок од 6-4, успеаја да бидат елиминирани поради четирите порази на наредните пет средби.
За Долфинс, освен стартниот квотербек, Туа Таговаилоа (17/22 обиди за додавање и 94 јарди), заигра и искусниот Рајан Фитцпатрик (9/13 обиди за додавање и 182 јарди). И двајцата успеаја да уфрлат по еден тачдаун кон Мајлс Гаскин, кој притоа освои вкупно 169 јарди. Останатите поени, вклучувајќи го и победоносниот филд-гол, ги постигна шутерот Џејсон Сандерс.
Кај Рејдерс, квотербекот Дерек Кар беше одличен со 21/34 обиди за додавање, со 336 освоени јарди и со еден уфрлен и еден истрчан тачдаун. Уфрленото поентирање беше упатено кон Нелсон Аголор, кој освои вкупно 155 јарди со 5 фаќања.
Во соработка со НФЛ Македонија