Портланд Трејл Блејзерс и Хјустон Рокетс одиграа неизвесен натпревар што беше решен после продолжение.
Имено, Портланд успеа да ги надигра Рокетс, на кои им фалеа седум играчи, со два разлика, односно со 128-126.
Најефикасните кошаркари и од двата состави имаа по 44 постигнати поени. Кај Хјустон, тоа беше Џејмс Харден, кој додаде и лични рекордни 17 асистенции за дабл-дабл учинок, додека од редовите на Портланд, најдобар беше Си Џеј МекКалум, кој погоди девет тројки.
Со денешниот триумф, Портланд (1-1) успеа да го анулира претходниот пораз од Јута Џез, додека за Хјустон (0-1), ова беше прв овосезонски меч.