На еднодневната трка ,,Шелдепрајс”, една од шесте класици во Фландрија, за првпат после осумнаесет години славеше Австралиец.
Имено, во завршниот спринт, Кејлеб Уан беше најбрз од сите велосипедисти што ја возеа патеката долга 147 километри (10 кругови по 14,7 километри) и го освои 108. издание на оваа белгиска трка.
На второто место заврши Германецот Паскал Акерман, кој беше казнет поради предизвикување на верижен пад при почетокот на неговиот спринт, во којшто настрадаа Аугуст Јенсен, Пјер Барбие и Иван Гарсија.
Поради казната на Акерман, на подиумот беа промовирани Николо Бонифацио и Брајан Кукар.
Од домашните белгиски возачи, најдобар беше Тим Мерлиер на четвртото место.
Наредната трка од шесте класици, ,,Тур низ Фландрија” ќе се одржи во недела (18 октомври).