Последните спринтови во машка и во женска конкуренција од тековната сезона на Светскиот куп во биатлон беа одржани денес во Остерсунд, Шведска.
Кај дамите, по петти пат во низа славеше Тирил Екоф (18:44,6), која имаше за 2,5 секунди подобро време од второпласираната Доротеа Вирер, иако имаше еден промашај.
На третата позиција се пласираше Ингрид Ландмарк Тандерволд (+6,7), а во првите пет завршија Ане Шевалие-Буше (+15,4) и Лиза Тереза Хаузер (+16,4).
Во машка категорија, до првата победа после 17 јануари 2014, односно до втората во кариерата, дојде Италијанецот Лукас Хофер (22:27,1).
На второто место се најде домашниот натпреварувач, Себастијан Самуелсон (+4,0), а Тарјеи Бо (+14,4) го комплетираше подиумот.
Во топ 5 се пласираа уште Симон Дестио (+22,4) и Квентин Фијо Маје (+28,6), а најпозитивно изненади Бугаринот Владимир Илиев (+55,1), кој беше десетти.
📸 Jurij Kodrun/Getty Images



