Седмото коло од тековната НФЛ сезона го отворија дивизиските ривали – Филаделфија Иглс и Њујорк Џајантс.
Филаделфија, накрај, славеше минимално со 22-21, благодарение на тачдаунот во последната минута и ја запиша втората победа сезонава за првото место во НФК Исток.
Имено, двете екипи постигнаа по три тачдауни, а единствената разлика веше што Иглс имаа еден успешен филд-гол повеќе и две неуспешни конверзии за два поени.
За Џајантс, преку тачдаун, поени запишаа Голден Тејт, Вејн Голман и Стерлинг Шепард, а Греам Гено додаде уште три екстра-поени.
За победничкиот состав, во листата на поентери се запишаа Карсон Вентц, Грег Ворд и Бостон Скот, а филд-гол и екстра-поен додаде Џејк Елиот.
Во соработка со НФЛ Македонија