Претпоследниот спринт во индивидуална машка конкуренција од тековната сезона на Светскиот куп во биатлон беше одржан денес во Нове Место, Чешка.
На него, до втората овосезонска победа, односно до петтата во кариерата, дојде Французинот Квентин Фијо Маје (22:07,2), кој немаше ниеден промашај на двете стрелања.
На второто место се пласираше Тарјеи Бо (+11,3), кој исто така имаше стопроцентна успешност на стрелањата.
Подиумот го комплетираше припадникот на италијанската вооружена полиција, Лукас Хофер (+14,8), кој дојде до осмиот пиедестал во Светскиот куп.
На првите пет позиции се најдоа уште еден Французин и уште еден Норвежанец, односно Емилиен Жакелан (+22,7) и Стурла Холм Лагреид (+23,4).
Во продолжение, во првите десет се најдоа уште: Антоан Жигона (+23,6), Себастијан Самуелсон (+30,8), Јоханес Дале (+36,7), Јоханес Тингнес Бо (+37,0) и Јаков Фак (+39,8).
📸 Christian Manzoni/NordicFocus/Getty Images