Третата лига – Југозапад до крај на првенството ќе продолжи без ФК Фљамуртари, екипа која се откажа од натпреварувањето. Поради тоа што екипата на Фламуртари се откажа од понатамошно натпреварување во недела, во рамките на 14 коло, ФК Македонија Враништа ќе биде слободна и служебено ќе ги добие трите бода со резултат од 3:0. Наредно коло Македонија ќе игра на гостински терен против ФК Октиси Спорт.



