
Дванаесеттото коло од тековната АФЛ сезона започна со победата на Џилонг Кетс од (10.10) 70-83 (12.11) над Вестерн Булдогс.
Гостите го започнаа мечот со неверојатна серија од 44-11 после првата четвртина, но нивното водство, на стартот на четвртиот квартал, изнесуваше само пет поени.
Сепак, на сцена во корист на ,,Мачките” стапи Џереми Камерон, кој со учинок од (6.1), беше најефикасен на теренот, а притоа дојде и до својот јубилеен петстоти гол во АФЛ.
Од неговите соиграчи, во нападот се истакна уште Том Хокинс (2.2), а дури единаесет маркови имаше Зек Гатри.
Кај Булдогс, по два гола, односно по тринаесет и по четиринаесет поени придонесоа Коди Вајтмен (2.2) и Том Либераторе (2.1).
На табелата, Џилонг скокна на четвртото место, додека поразените Булдогс паднаа на осмата позиција.