Бостон Селтикс ја запишаа втората победа во полуфиналната серија против Мајами Хит и намалија на 3-2.
Имено, Селтикс, синоќа, славеа со 121-108, пред сè, поради одличното второ полувреме.
Најзаслужни за победата на клубот од Масачусетс беа Џејсон Татум и Џејлен Браун со по 31, односно 28 поени.
Кај Мајами, Словенецот Горан Драгиќ беше најпрецизен со 23 поени.