Тампа Беј Лајтнинг се на само победа од освојувањето на нивниот втор ,,Стенли Куп” во историјата, односно прв после сезоната 2003/04.
Имено, хокеарите од Флорида, синоќа, после продожение, ги поразија Далас Старс со 4-5 и поведоа со 3-1 во финалната серија.
На четвртиот меч, Далас водеше двапати, еднаш со 2-0 и еднаш со 3-2, но не успеа да стигне до посакуваната победа.
За Старс, двапати стрелаше Џоу Павелски, а по еднаш – Џон Клингберг и Кори Пери.
За победничкиот состав, во регуларните шеесет минути, стрелци беа Брејден Поинт (х2), Јани Гурд и Александер Килорн, а во продолжението, после неполни седум минути игра, стрелаше Кевин Шатенкирк.