Аризона Дијамондбекс изненадувачки го запишаа третиот врзан триумф, со првата победа над Колорадо Рокис после три натпревари.
Клубот од Феникс, денес го порази Колорадо со резултат од 4-0 после седум одиграни ининзи.
Победниците, трипати поентираа во третиот и еднаш во петтиот ининг за поставување на конечниот резултат.
Единствен играч што забележа хоум-ран беше Кристијан Вокер во третата деветина.
Одличен меч имаше и фрлачот на победничкиит состав, Зек Гален, кој успеа да имнаправи ,,страјк-аут” на десет противнички удирачи.
Со оваа победа, Аризона се искачи на тринаесеттата позиција на Истокот со учинок од 23-34, додека Рокис се едно место погоре со 25-32.



