Екипата на Карлтон Блус започна нова АФЛ сезона со два триумфи за првпат после 2012.
Во второто коло, Блус им го нанесоа вториот овосезонски пораз на актуелните вицешампиони, Вестерн Булдогс, совладувајќи ги со (13.12) 90-102 (16.6).
Карлтон, на последните сто натпревари, само во девет наврати постигна повеќе од сто поени, а дури четири од деветте ефикасни партии дојдоа против денешниот ривал.
Победничкиот состав имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, иако во пресрет на четвртата четвртина, Булдогс се доближија на само дванаесет поени разлика.
Од поразениот состав, над шест поени запишаа Митч Ханан (2.1), Ентони Скот (2.0) и Том Либераторе (2.0).
На спротивната страна, по два или повеќе голови забележија Патрик Крипс (2.0), Џек Силвањи (2.1), Хари МекКеј (4.1) и Чарли Карноу (5.0).