
Во првиот меч од третото коло на новата НРЛ сезона, Кронула Шаркс ја оправдаа фаворитската улога и славеа над Ст. Џорџ Илавара Драгонс со 12-36 во локалното дерби.
Воедно, за ,,Ајкулите”, ова е прва мини-серија од две победи под водство на тренерот Крег Фитцгибон, кој ја доби функцијата во пресрет на сезоната.
На полувремето, Шаркс заминаа со предност од 0-18, додека во вториот дел, Драгонс изборија респектабилни 12-18.
За поразениот состав, две конверзии погоди Зек Ломакс, а по еднаш, во листата на поентерите се запишаа Џек Бирд (43′) и Џек Госиевски (74′).
На спротивната страна, Николас Хајнс (66′) запиша еден есеј, еден пенал и пет конверзии, а топката во противничката енд-зона ја внесоа уште Сионе Катоа (17′), Мет Икувалу (21′), Сиосифа Талакаи (35′), Џеси Ремиен (48′) и Брејден Хемлин-Уеле (53′).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Кронула го држи третото, а Ст. Џорџ – дванаесеттото место.