
Репрезентацијата на Јапонија избори учество на СП 2022 во Катар, откако го презеде првото место во групата Б на едно коло пред крајот.
Јапонците, во дербито на деветтата рунда, ја совладаа Австралија на гостински терен со резултат од 0-2.
Иако Австралија ја држеше иницијативата, претставниците на Азија дојдоа до победата со двата погодоци на Каору Митома (89′, 90+4′) во самиот финиш.
Фудбалерот на белгискиот лидер, Ст. Жилуаз, влезе во игра во 84. минута на местото на Ао Танака и се покажа како вреден џокер за својот тим.
Со новите три бода, но и со натпревар повеќе, Јапонија го презеде водството во групата, спуштајќи ја Саудиска Арабија на втората позиција.
Од друга страна, Австралија остана на третото место, но обезбеди бараж во кој ќе ги одмери силите со третопласираната екипа од групата А.