петок, март 5, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Втор настап во Супер Боул во низа за Канзас Сити Чифс

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јануари 25, 2021
📁 Останато, Спорт

По вторпат во низа, Канзас Сити Чифс се пласираа во Супер Боул, откако синоќа, во финалето на АФК, ги надиграа Бафало Билс со 38-24.

Чифс покажаа значително подобри перформанси во секој сегмент на играта, иако првично губеа со 0-9.

Билс постигнаа по еден тачдаун и по еден филд-гол во првата и во четвртата четвртина, односно само по еден шут за три поени во втората и во третата. За шутевите беше задолжен Тајлер Бас, додека поентери преку тачдаун беа Досон Нокс и Ајзеа МекКензи.

Од друга страна, Чифс постигнаа три тачдауни во вториот квартал преку Мекол Хардмен, Дарел Вилијамс и Клајд Едвардс-Хилер, а во третиот и во четвртиот период, Тревис Келси по еднаш ја внесе топката во противничката енд-зона. Освен нив, во листата на поентери се запиша и шутерот Харисон Баткер, со еден филд-гол и со пет екстра-поени.

Квотербекот на Чифс, Патрик Махоумс, одигра маестрална партија со 325 освоени јарди од 29/38 обиди. Неговите топки најчесто одеа кон Тајрик Хил (172 јарди од 9 фаќања) и кон Тревис Келси (118 јарди од 13 фаќања).

На спротивната страна, Џош Ален имаше еден пресечен пас, заедно со 287 освоени јарди со додавање од 28/48 обиди, односно дополнителни 88 јарди поминати со 7 трчања.

Во Супер Боул натпреварот, Канзас Сити Чифс ќе се обидат да ја одбранат титулата против Тампа Беј Баканирс, кои беа подобри од Грин Беј Пекерс со 26-31.

📸 Sportsnet

Во соработка со НФЛ Македонија

Tags: Американски фудбалБафалоКанзас СитиНФЛ
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Ким стана првиот азиски победник на ,,Американ Експрес”

Следна вест

(ВИДЕО) Победоносен гол во последна секунда на Драисаитл

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

(Видео) Митревски бранеше во чест на прерано починатиот колега
Ракомет

(Видео) Митревски бранеше во чест на прерано починатиот колега

✏️ Предраг Јанчески
05/Мар/2021
Нема финале за Барди, кобна 112 минута
Спорт

Нема финале за Барди, кобна 112 минута

✏️ Предраг Јанчески
05/Мар/2021
Стоилов: Некои играчи во Вардар не разбираат за каков голем клуб играат
Ракомет

Стоилов: Некои играчи во Вардар не разбираат за каков голем клуб играат

✏️ Предраг Јанчески
05/Мар/2021
(Видео) Одбраните на Кантегрел од првото полувреме против Брест
Ракомет

(Видео) Одбраните на Кантегрел од првото полувреме против Брест

✏️ Предраг Јанчески
05/Мар/2021
Следна вест
(ВИДЕО) Победоносен гол во последна секунда на Драисаитл

(ВИДЕО) Победоносен гол во последна секунда на Драисаитл

Последно

(Видео) Митревски бранеше во чест на прерано починатиот колега

Нема финале за Барди, кобна 112 минута

Стоилов: Некои играчи во Вардар не разбираат за каков голем клуб играат

(Видео) Одбраните на Кантегрел од првото полувреме против Брест

(Видео) Анте Гаџа и неговите погодоци против Мешков Брест

Северстаљ ја израмни серијата против Динамо Москва

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.