Во текот на изминатиот викенд, во склоп на ПГА Тур во голф, беше одржан турнирот ,,Американ Експрес”.
Ова беше второ издание на турнирот под овој назив, иако потекнува од 1960 година.
Накрај, Кореецот Ким Си-ву стана првиот Азиец што триумфирал овде, откако одигра неверојатен четврти ден со (-8) поени, за конечен учинок од (-23).
За Ким, ова е трета победа на ПГА Тур, односно прва после 14 мај 2017, кога го освои ,,Плејерс Чемпионшип”.
На второто место, со (-22) поени, се пласира искусниот Патрик Кентли, а Камерон Дејвис (-20) го освои третото место.
Американецот Тони Финау (-19) беше четврти, а петтото место го поделија Абрахам Ансер, Даг Гим и Мајкл Томпсон со по (-15) поени.
📸 Sam Greenwood/Getty Images



