Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко и уште тројца негови соиграчи навреме стигнаа на тренинг во зимски услови и многу снег, со Фиат панда која што на пазарот има вредност од околу 1000 евра.
Хрватскиот репрезентативец објави фотографија на „Инстаграм“ со необичното возило во кое со него авантурата на снегот во главниот шпански град успешно ја минаа и Јаник Караско, Томас Лемар и Марио Хермосо. Овој настан постана хит во Мадрид: