Привремениот македонски репрезентативец од средината на теренот, Давид Бабунски потпиша договор со романскиот прволигаш Виторул Констанца до 2023 година. Бабунски минатата сезона исто играше во романскиот шампионат, но во тимот на Ботошани.

Македонскиот интернационалец кариерата ја започна во Барселона Б, потоа играше за Црвена Звезда, а пред да се пресели во Романија, настапуваше за јапонските клубови Омија Ардија и Јокохама.
Фото: FC Viitorul



