Српскиот интернационалец Душан Трифковиќ е нов десен бек на Бутел Скопје, откако потпиша договор до крајот на оваа сезона. Трифковиќ доаѓа во Скопје од романската Решица.
Трифковиќ има 29 години (192 цм/93 кг) и потекнува од тимот на Инџија. Во кариерата беше дел од романските Сучеава и Решица, пред да замине во францускиот Нанси, од каде се враќа во Србија и го носи дресот на Војводина.
Со српскиот шампион играше во СЕХА лигата и во европските купови, а во сезоната 2018/19 настапуваше за турскиот Беледије. Лани се врати во романската Решица, но овој тим доживеа финансиски колапс.
Фото: RK Butel Skopje