Во третото коло од англискиот Чемпионшип, Вотфорд го совлада Барнли со минимални 1-0.
Имено, на домашниот ,,Викериџ Роуд”, ,,Стршлените” стигнаа до триумф со погодокот на Том Клеверли (45+2′), постигнат од единствениот шут во рамките на голот на Аријанет Муриќ.
Во продолжение, гостите имаа иницијатива, но немаа прецизна реализација.
Последните десет минути, домашниот состав ги одигра со десетмина на теренот, поради директниот црвен картон на Хасан Камара.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Вотфорд изби на врвот, а Барнли падна на шестата позиција, запишувајќи го првиот овосезонски пораз.