Нашата селекција „Под 16“ го задржа високото водство од првото полувреме и стигна до особено важен триумф 69:62 над врсниците од Црна Гора.
Нашиот кадетски тим имаше предност и од 17.поени во текот на втората четвртина. Добар дел од позитивата го загубивме, но успеавме да се одбраниме од нападите на Црна Гора, доволно за да дојдеме до особено важна победа на отворањето на Европското првенство од Дивизијата „А“ во Скопје




